Германија го промени износот на минималецот: Еве колку заработуваат нашите гастербајтери годинава

ИЗВОРСкопје24
|

Македонските работници кои работат за минималец во Германија од оваа година заработуваат повеќе, бидејќи германската влада ја усвои одлуката за зголемување на минималната саатница за 35 центи на 9,19 евра од почетокот на 2019, а од 2020. година на 9,35 евра.

Минатата година, минималната саатница во Германија беше 8,84 евра што значи дека нашите луѓе кои  престојуваат и работат во оваа земја месечно инкасираат околу 1.550 евра, под претпоставка дека работат по 176 часа месечно.

После зголемување на минималецот, нивната месечна плата ќе порасне на 1.617 евра, а од 2020. година таа ќе изнесува 1.645 евра.

Во меѓувреме, германскиот министер за финансии Олаф Шолц се заложи таа да биде уште поголема, а соодветниот износ според него би бил 12 евра за час.

Покачувањето на минималецот на почетокот на 2019 година го почувствуваа околу 2 милиона луѓе, оценува агенцијата Ројтерс.

Според податоците од германската Канцеларија за статистика, околу 1,4 милони луѓе заработувале минималец во април изминатата година, додека пак 800 илјади луѓе заработувале помал износ од минималецот.