Германија не го поддржува условувањето од Бугарија на нашите ЕУ интеграции

|

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн порачува дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира преговарачката рамка за проширување на Унијата.
Според неа, Германија и другите земји членки на Европската Унија сметаат дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека тие проблеми треба да се решаваат билатерално.

Софија бара поддршка за своите позиции,преку меморандумот,кој Бугарија го доставила до земјите членки на Унијата.
„Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“, вели амбасадорката Холштајн во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Амбасодрката се надева дека земјите членки ќе постигнат договор за преговарачката рамка и дека одржувањето на првата меѓувладина седница како заедничка цел меѓу Германија и Северна Македонија, ќе се случи во декември. „Официјалниот старт на разговорите за проширување со Северна Македонија е нашата голема цел која е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија“ изјави таа.