Германската влада побара на Македонија да и се додели Датум за преговори со Европската унија. Барањето е упатено во Бундестагот, а федералниот законодавен дом е тој што треба да донесе одлука дали ќе го поддржи отворањето на поглавјата од страна на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.
Ова го потврди државниот секретар за европски прашања во министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот. Тој испратил писмо до Бундестагот во кое се наведува дека согласно заклучоците од европскиот совет од 26 јуни 2018 година, Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори со ЕУ во јуни 2019 година.
„Федералната влада на Германија смета дека европската комисија ќе даде позитивна препорака за отварање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“, потврди Рот за медиумите.
Македонските граѓани сметаат дека влезот на нашата држава во ЕУ нема ништо битно да промени, туку дека и ние треба да постигнеме некое ниво со кое внатре нема да имаме проблеми.
Македонските граѓани сметаат дека влезот на нашата држава во ЕУ нема ништо битно да промени, туку дека и ние треба да постигнеме некое ниво со кое внатре нема да имаме проблеми. Според експертите, Македонија 10-та година по ред го живее статусот на земја кандидат меѓутоа во изминатите 20 години демократска транзиција малку нешто се промени, притоа особено алудирајќи на потребните промени во поглед на политичката свест.