Ги носите поради мода, а ви штетат: Кажете им “збогум“ на овие 4 парчиња од вашиот плакар

ИЗВОРСкопје24
|

Желбата да се изгледа соврешно и прекрасно понекогаш е многу посилна од болката во стапалата од превисоките потпетици, од претеснит фустан или носењето претешки чанти и непријатни, но убави на изглед материјали.

Понекогаш, додека се гледаме во огледо и се воодушевуваме на нашиот изглед, нашиот организам пати. Прочитајте кои модни парчиња и додатоци се непријатели на нашето здравје, важи за момчиња и за девојки:

Високи потпетици

Иако за посилниот пол високите потпетци на женската нога се неодоливи, тие се непријател на стапалата. Носењето на високи потпетици може да резултира со изместен зглоб, плускавци, грчеви во мускуслите и деформации на ножните прстиња.

Големи и тешки чанти

Истражувањата покажуваат дека нееднакво распоредениот товар може да предизвика болки во вратот. Чантите кои тежат од 15 до 17 отсто од телесната тежина можат да предзвикаат проблеми со карлицата. Британска студија покажува дека жените и мажите страдаат од болки поради носење на тешки и големи чанти согласни модните трендови.

Танга гаќички

Танга гаќичките можат да предизвикаат вагинални или инфекции на уриналниот тракт. Ако тие се дел од вашата дневна гардероба, тогаш барам за спиење носете памучна долна облека.

Тесни фармерки

Тесните фармерки се хит меѓу посилниот пол, но во исто време за жените се мака бидејќи предизвикуваат проблеми со мочниот меур. Затоа, гледајте почесто да бидете во поширока гардероба.