Ги привлече сите погледи кон себе – Фатиме Фетаи изненади со прекрасен мини фустан (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во кус син фустан, Фатиме Фетаи се појави на роденденот на „1 Тв“, сношти во Македонската Филхрамонија.

Специјалната јавна обвинителка секогаш привлекува внимание со стилот кој е главно класичен, но овој пат Фатиме се реши за посмела варијанта во тренди, пролетна боја и доби комплименти за својот изглед.

Таа на забавата дојде во друштво на Катица Јанева, која избра црн долг фустан со сребрено палто.

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи е жена со свој изграден стил. Со секое свое појавување таа изгледа елегантно, а овој пат има моден погодок.

Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично. Впрочем секое нејзино издание до сега изгледало светски, елегантно и привлечнп, па така беше и овојпат.

Таа, исто така и на судењето пред неколку дена се појави во кошула-фустан што е хит број еден за оваа сезона и изгледаше навистина светски.

Нејзината препознатлива црна коса, сега ја носи во кратка боб фризура која што исто така е хит сезонава и строги шишки од кои никако не се откажува.