Ги расплака сите: Карлеуша по заминувањето на мајка си сака само една работа

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Јелена Карлеуша собра сили после трагичното губење на мајка и да се врати на снимање на емисијата на Ѕвездите на Гранд, во која е член на стручното жири.

Таа се појави во црно бел фустан, бели чизми со кратка коса, зачешлана на страна и црни наочари кои не ги симнувала. На самиот почеток на емисијата публиката ја поздравила со најголемиот аплауз досега, а таа одлучила да им се обрати и да им ја каже нејзината желба.

„Се вратив. Јас нешто оваа година константно се враќам и имам камбек. Се надевам дека ова нема да се повтори уште некој пат годинава“ – изјавила со насмевка Јелена Карлеуша, поздравувајќи ги колегите и публиката.

Видеото погледете го ТУКА.

Јелена освен што се врати во шоуто, поради жалост од заминувањето на мајка си Дивна, не ја напушта куќата без поголема потреба, а не оди ниту во посета на продавница, иако таа е позната како голем љубител на купувањето и модата.

Тоа е причината зошто раководството на еден ексклузивен бутик чиј клиент е Карлеуша одлучил да излезе во престет на нејзиното барање и да и праќа гардероба на нејзината домашна адреса.

– Јелена последен пат беше во нашите бутици неколку дена пред засекогаш да замине Дивна, кога купи панталони со потпис на познат француски дизајнер од последната колекција, а за нив плати околу 100.000 динари. Таа е наш одличен клиент и, се разбира, излеговме во пресрет – рекоа од овој ексклузивен бутик за српските медиуми, кој во својата понуда има исклучиво познати светски и дизајнерски етикети.

Како што е објаснуваат, наместо Карлеуша, во бутикот ќе доаѓа нејзината соработничка за да избере облека по вкус на Јелена, а потоа облеката да ја однесе кај Јелена, каде што ќе пејачката ќе проба.

– Јелена избегнува да се појавува на јавно место, бидејќи не сакам да ја сретнат голем број на луѓе – изјавуваат од бутикот.