Марија Шерифовиќ пред само неколку дена беше избрана за најдобра пејачка во регионов за 2018 година на првото издание на регионалните музички награди – MAC, на кои и настапи самата. Додека сеуште се собираат впечатоците од овој настан, победничката на Евровизија, веќе изненади со уште една своја изјава.
Таа до сега не зборувала многу за својот приватен ниту љубовен живот, па затоа многумина се изненадија од изјавата дека сѐ посериозно размислува да стане мајка.
– Сметам дека тоа е најголемата животна победа. Морам да признаам дека на самата помисла да се реализирам како родител особено се радувам – раскажува Шерифовиќ.
Иако во нашиот регион ова прашање сеуште е табу тема но српската пејачка не го исклучува и посвојувањето како опција, но на таков чекор, како што вели, сѐ уште не е подготвена.
– Тоа е највозвишеното нешто кое еден човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето кои се подготвени на тоа – искрена е Марија.
Без разлика дали таа ќе се одлучи за посвојување или за свое биолошко дете, оваа вест фановите и јавноста ја пречекаа со голема радост и се надеваат што побрзо да ја видат пејачката во улога на мајка.