Ѓоковиќ ќе ги плати трошоците на процесот и отштета од 500.000 долари

|

Заврши сагата на Новак Ѓоковиќ во Австралија и тој го загуби последниот обид да остане во Австралија и да игра на Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната, бидејки федералниот суд ја потврди владината одлука да му се откаже визата за влез во земјата под образложение дека 34-годишниот деветкратен шампион од Мелбурн претставува за*ана за јавното здравје.

Покрај тоа најавено е дека српскиот тенисер ќе ги сноси сите трошоци, а ќе треба да плати отштета од 500.000 долари. Исто така, Новак се соочува со тригодишна забрана за влез во земјата, но постои можност тоа да не се случи.

Тамошните медиуми пренесуваат дека тоа не значи дека за тоа време Ѓоковиќ ќе го нема на турнирот во Мелбурн, бидејќи има одредени околности во кои би можел да добие виза доколку тоа се околности кои се „во интерес на Австралија“. Како би се промениле тие интереси е нејасно по денешнава одлука.

-Би сакал да дадам кратка изјава и да се осврнам на резултатите од денешното сослушување. Сега ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам, пред да дадам дополнителни коментари. Крајно сум разочаран од пресудата, рече Ѓоковиќ по пресудата.

-Ја почитувам одлуката на Судот и ќе соработувам со сите надлежни органи при моето заминување од Австралија. На учесниците, на официјалните лица, работниците, волонтерите и на сите навивачи во светот им посакувам се најдобро на турнирот. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сограѓани Срби за нивната континуирана поддршка. Ти беа голем извор на сила за мене“, рече Ѓоковиќ, во изјавата што пренесе австралиски „Ејџ“.