На инстаграм профилот на Новак Ѓоковиќ стои фотографија поставена на 17-ти декември лани на која е промовирана поштенска марка со негов лик. Настанот според српските медиуми се случил ден претходно (или дента кога бил позитивен според австралиските судски документи).
Настанот се случил во српски Пошти во Белград. Истиот ден 17-ти декември, Ѓоковиќ учествувал и на доделувањето на наградите за најдобри млади тенисери на град Белград што е објавено и на сајтот на Тенискиот сојуз на Србија.
Рано утрово пак беше откриено што пишува во судските документи во Австралија со која тој бара поништување на одлуката за негова депортација. Во тој документ јасно стои дека адвокатите во жалбата навеле дека Ѓоковиќ бил позитивен на 16-ти декември, односно ден пред да биде гостин на доделувањето на наградите и на промоцијата на сопствената поштенска марка.
Австралискиот суд во понеделник ќе треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на најдобриот светски тенисер или пак ќе го протера од Австралија без да учествува на Аустралиан опен на кој е рекордер со 9 шампионски титули.