Ѓорчев и Спасовски се кршеа со јајца во Бигорскиот манастир (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Велигден е најголемиот христијански празник, кој го одбележува и слави Христовото воскресение, а токму празниците се време кога треба да се заборават политичките несогласувања и борбата за власт.

Тоа најдобро го покажаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кои го дочекаа Велигден во Бигорскиот манастир и се кршеа со Велигденски јајца.

За жал не знаеме кој победил, односно чие јајце било посилно, но секако ова е една позитивна работа во политиката, кога гледаме дека барем за празник двата спротивни табора можат да седнат на иста маса.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.