Ѓорчев почна кампања, Христијан не застана позади него

|

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска на прес-конференцијата ја објави својата кандидатура за нов претседател на Република Македонија. Како што истакна тој, се чувствува подготвен да ја преземе одговорноста да застане на чело на оваа држава.

– Има моменти во животот кога човек треба да го искористи своето знаење, искуство, сето што го направил во функција на државата и народот. Македонија губи, Македонија назадува. Не се добри состојбите во Македонија. Од тие причини, објавувам дека се кандидирам за претседател на Република Македонија. Поседувам искуство, знаење, чесност, лојалност. Ги знам сите градови, населбите, улиците. Наредните три месеци ќе појдам во секој град и дом. Ќе појдам кај граѓаните на Македонија, кај оние кои ми го дале мандатот. Ќе ја побарам вашата доверба.
Оваа апсолутистичка власт е дефинирана како хибриден режим. Не смее да се дозволи на Заев да ги узурпира институциите на државата. Мотивиран сум повеќе од било кога, благодарен сум за огромната поддршка, ја добивам од голем број граѓани на државава. Македонија е земјата на моите баби и дедовци. Македонија е земјата на моите четири деца. Јас директно им велам, на сите кандидати на СДСМ, ве чекам јас и најмалку 500.000 луѓе на Република Македонија, истакна Ѓорчев.
Како што додаде, тој верува во успех и како што вели, ќе се изморат од броење на гласовите каде сè победиле.


Покрај Ѓорчев за внатрепартиските избори има уште една кандидатура а од оппзициската партија не ја отфрлаат можноста до истекот на рокот да се пријават и други кандидати. Според извори блиски до раководството на партијата претседателот на партијата Христијан Мицковски сеуште не стои позади кандидатурата на Влатко Ѓорчев ќе чека и други кандидати на конвенценцијата а како потенцијални кандидати се споменуваат како Проф. Силјановски и Трајко Славевски.

Во владејачкиот блок трката за кандидат за претседател се очекува да заврши во петок за кога СДСМ го закажа состанокот на партискиот централен одбор.

На маки е и лидерот на социјалдемократите – претседателски амбиции на Бихачка многу – одлука се уште нема, но лобирања од сите страни. Клучен ќе биде тестот на јавнсота – но дел од најблсиките соработници на Заев велат дека кандидатот ќе се бира меѓу Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска. Сепак на тест на јавноста и Николжа Димитров, Стево Пендаровски, Имер Селмани, Теута Арифи, Денко Малевски, Ѓорѓи Филипов. Сепак според истиот функционер освен анкетите, мора да се земе предвид ризикот доколку Заев реши да не оди со партсико решение за можно како што вели одметнување. Дополнително треба фаворитот на социјалдемокартите да го помине и филтерот на консензуалност на Али Ахмети.

Од Дуи не одговараат колку во нивната рамка се вклопува тврдо партиско решение. Од Мала Речица велат дека се уште нивниот фаворит е Денко Малевски.

Дека неговиот непартски бекграунд може да се вклопи во консензуалната рамка, не исклучува ниту министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој синоќа во 24 Отворено вели дека не се исклучува можноста за кандидатура.

Освен претседателските тркачи – она што треба Заев да го пресече е дали ќе оди на двојни избори .Тв 24 веќе објави дека на Бихачака се две крила – едно а друго против избори – кое ќе надвладее ќе се знае по состанокот утревечер во СДСМ. Но освен сопартијците кои се против доколку реши да оди на избори, Заев ќе треба да го убеди неговиот коалициски партнр Али Ахемти.
Учество со свој кандидат на изборите најави и ЛДП а се очекуваат и кандидати на вонпарламентарни партии и на оние од албанскиот опозициски блок.