Ѓорѓе Давид жестоко удри по Ана Бекута и Босанац: „Тие не беа посветени на своите кандидати“

ИЗВОРСкопје24
|

Новите правила во „Ѕвездите на Гранд“, придонесоа ова музичко шоу да стане уште повеќе популарно.

Имено, оваа година секој кандидат имаше ментор, односно пејачите кои беа во жирито.

Меѓу нив и Ѓорѓе Давид, кој пред неколку дена гостуваше во една емисија и јавно проговори за неговото учество.

Според многумина, тој одлично се снајде во новата улога.

Имено, тој неодамна гостуваше во една емисија и откри што кандидатите му кажале за Ана Бекута и Босанац.

Во една прилика изјави дека новата „Ѕвезда на Гранд“ може да се бара меѓу кандидатите на Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Вики Миљковиќ, а што е со кандидатите на Ана Бекута и Босанац, праша водителот.

„Кога ќе кажеш за Вики Миљковиќ, мислиш на „Кока кола, малборо,сузики“, тоа беше изјава за шега, но не постои подобар човек од неа. Таа жена сериозно знае да пее. Ја слушав на некои паузи. На пробите работи со своите кандидати. За разлика од Босанац и Ана Бекута таа е посветена на своите кандидати“ вели пејачот и додава:

„Мислам дека Ана Бекута и Босанац не беа доволни посветени на нивните кандидати, а мислам дека некои кандидати кои беа одлични заминаа во 2 или 3 круг. Јас очекувам Гуте од групата на Ана да се појави следната сезона. Јас имав од 5 до 7 проби со моите кандидати, а тие не го правеа тоа“ вели Давид.

Во септември започнува нова сезона на музичкото шоу, а жирито повторно ќе има улога на ментори.