„Толку ни требаше
Толку ни требаше барем само за момент,макар во една област, цел свет да види дека можеме и ние да бидиме победници во натпревар со сите земји од Европа. Толку малку ни требаше за да се почуствуваме сите единствени вредни и горди. Додека Тамара пееше во име на Северна Македонија, музичкиот уредник на британската телевизија БиБиСи прокоментира: “Вие разговарајте за географија а јас ќе уживам во песнава”. Тамара ги замолчи сите што бараа да не учествуваме на Евровизија и парите да се потрошеле на покорисни работи. Таа и тимот вчера вечер ја демонстрираа и моќта на музиката во промоцијата на националниот идентитет, градењето единство и јакнењето на националната гордост. И затоа ги заслужуваат сите честитки.“
Фејсбук стстус Ѓорги Спасов (македонски политичар, дипломат и универзитетски професор)
Заврши уште едно издание на спектакуларно евровизиско шоу, оваа година одржано во Тел Авив. Со победа си замина Холандија.
Она што на сите им ги наполни срцата е високиот пласман на Тамара според гласовите од земјите, која долго време се бореше за првото место со Шведска и Италија во табелата.
Сепак, со гласовите од публиката, работите брзо се променија и Шведска и Холандија се бореа за првото место, кое го освои Холандија.
Македонија никогаш не доживеала толку голем успех, а фановите до последен момент со нетрпение ги пратеа гласовите. Тамара освои 8-мо место со 295 гласови.
Радост која веројатно не се ни надевавме дека ќе ја искусиме, додека не ја видовме нашата земја на врвот од листата со бодови. Се поклонуваме пред тоа што го остави срцето на сцена!