Гладното мече што го спасиле секогаш им се враќало дома

ИЗВОРСкопје24
|

Мече старо само два месеца се спуштило од шумата во местото Гуњани во близина на Сараево. Тоа било гладно и исплашено и било пронајдено од семејството Бечар.

Тие го хранеле во својот двор, а кога малку закрепнало, го пуштиле во природата. Но, тоа постојано се враќало. Мечето било женка и го нарекле Аида, но не открија зошто, туку дека се работи за интимна приказна.

Тие знаеле дека не може да се грижат за мечката, па затоа грижата за неа ја презела управата на зоолошката градина „Пионирска долина“.

„Прво, треба да ја прегледаме мечката за да видиме дали е здрава. Ќе ја набљудуваме еден месец. Сите сакаме бебето Аида да прерасне во здрава и убава мечка“, велат од „Пионирска долина“.