Тамара со својот моќен глас ја занеми Европа.
Нашата претставничка на Евровизија ги покажа своите извонредни вокални способности. Се претстави себеси и Република Македонија во најдобро светло.
Каков пласман и да имаме: Секоја чест, Тамара!
Видеото погледнете го ТУКА.
Тамара со интересна прва изјава за Фокус после пласманот во финале
Тамара, прва изјава по нејзиното пласирање во финалето ја даде за Фокус. По седум години безуспешни обиди, нашата претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска ни обезбеди влез во големото финале кое ќе се одржи на 18-ти мај во Тел Авив. Со песната ,,Proud” таа се пласираше во финалето на музичката манифестација, а нејзината првична реакција за ,,Фокус” е дека е пресреќна, но и горда што ,,клетвата”, односно лошата среќа на Евросонг конечно, по седум години е скршена.
-Ви благодарам за поддршката и љубовта! Вечерва пеев за сите нас! Горда сум на целиот тим. Покажавме дека со тимска работа и многу љубов се е можно. Клетвата е скршена! Македонија по седум години повторно е во финале! Ве сакам – изјави за ,,Фокус” Тодевска од Тел Авив.
Нашата земја за прв пат настапи на Евровизија во 1998 година. Најдобар пласман со 12-то место имаше во 2006 година, со песната ,,Нинанајна” на Елена Ристеска. Во 2012 година Калиопи со песната ,,Црно и бело’ се пласираше во финалето, и освои 12-то место.
Евровизискиот малер не следеше цели седум години, а во јавноста по секој неуспех , односно секогаш кога не успевавме да влеземе во финале, следуваа низа на негативни коментари и апели да не учествуваме повеќе на популарната манифестација.