Главниот кризен штаб одлучува за продолжување на распустот на учениците

ИЗВОРТелма
|

На првата седница на Владата на Република Северна Македонија, се определени заменици на претседателот на Владата и тоа: Артан Груби, министер за политички систем, Славица Грковска, министер без ресор, Фатмир Битиќи, Бојан Маричиќ, и Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.

Владата денеска именуваше и претседатели и членовите на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија.

На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.

Владата го продолжи работењето на Главниот координативен кризен штаб за менаџирање со справувањето со последиците од здравствената ситуација.

Со работата на ГККШ ќе претседава претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците и во консултација со Комисијата , да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.