Глетка која нема да се повтори во наредните 107 години – Не ја пропуштајте вечерва

ИЗВОРНов Лист
|

Глетка која ретко се гледа ќе биде видлива вечерва на небото. Имено, Јупитер ќе биде најблиску до Земјата во последните 59 години. Тоа нема да се повтори во следните 107 години.

Тој настан заинтересира и многу луѓе на социјалните мрежи.

„Морате да бидете надвор во понеделник навечер. Донесете го партнерот, пријателите или излезете сами, но подобро е да бидете надвор“, им порача тиктокерот Астро Александра на своите следбеници во видеото кое досега е прегледано над 24 милиони пати.

„Јупитер ќе биде најблиску до Земјата во последните 59 години и нема да биде толку блиску во следните 107 години“, објаснила таа.

Јупитер ќе биде видлив и преку двоглед, нема да ви треба телескоп.