Анастасија Ражнатовиќ го крие својот љубовен живот како змијата нозе, но на социјалните мрежи сепак може да се видат заеднички фотографии со момчето.
Ќерката на Цеца неодамна изјави дека мажот со кој е мора да биде остварен, но ретко кога зборува за своето момче Ѓорѓе Куљиќ, со кој некое време е во врска.
Многумина не забележаа дека на нејзините фотографии на Инстаграм сепак се наоѓа и нејзиното момче.
Српските медиуми инаку на големо пишуваат за свадбата на синот на Цеца која треба да се случи оваа година, иако точниот термин засега не е закажан.
Сепак парот потврди дека до крајот на годината ќе се заколнат на вечна љубов.
Анастасија пак, сестрата на Вељко Ражнатовиќ во интервју за српски „Информер“ открила и неколку детали од свадбената церемонија.
Сигурна сум дека двајцата ќе сакаат да ги почитуваат сите наши обичаи, така да сигурно ќе имаме многу работа. Не сакаме да ја препуштиме работата на други, па затоа сами ќе се фатиме за работа, вели пејачката Анастасија Ражнатовиќ.
Таа додава дека Вељко се уште не им дал конкретна функција околу организирањето на венчавката, но тоа сигурно ќе биде, откри и дека таа ќе пее на нивната свадба.
Имам доста убави песни кој ги сакам. Одлучив да направам список на омилени, за да не се случи да заборавам некоја песна на денот на свадбата, додава Ражнатовиќ.