Го нарекуваат турскиот Бред Пит, а жените ширум светот полудуваат по него (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Обожавателките на турските серии, во текот на гледањето на истите се сретнуваат со голем број актери кои веднаш ги освојуваат нивните срца.

Еден од нив е и 35-годишниот Киванч Татлитуг кој денес е еден од најплатените и најпопуларни турски актери. Се зборува дека е “тежок” 17 милиони долари, а поради сличноста со славниот Бред Пит, Киванч го добил прекарот “турски Бред Пит”.

Роден е на 27-ми октомври 1983 година во Адана, а во едно интервју открил дека неговиот татко Ердем потекнува од Приштина. Неговото семејство поседувало пекара во Адана. Татлитуг завршил приватно средно училиште, а сакал да стане професионален кошаркар. Висок е 187 центиметри и има светлосини очи.

Во текот на престојот во Истанбул, тренирал во помладите категории на Бешикташ и Фенербахче, меѓутоа поради повреди тој морал да се откаже од кошарката. Во меѓувреме ѝ се посветил на манекенската професија, а во 2002 година е прогласен за најдобар турски модел.

Киванч, покрај манекенството паралелно се занимавал и со актерство. Актерската кариера ја започнал во 2007 година, кога се појавил во турската комедија “Американци на Црно море”, каде го глумел ликот Музафер. Истата година ја добил улогата во познатата серија “Гумуш” каде го играл ликот на Мехмет Садоглу.

Подоцна играл во бројни остварувања, како што се сериите “Езел” и “Љубов од освета”, каде го толкува главниот лик Џесур.

Можеби многу дами ќе останат разочарани од информацијата дека актерот веќе три години е во брак. За потсетување, тој во 2016 година ја оженил стилистката Башак Дизер.