„Го обожувам своето тело, од кој агол и да ме фотографирате прекрасна сум“ – ова е жената која преку ноќ стана идол за многумина

|

Koja e пејачката за која во последниот период зборува целиот свет? Која е всушност новата музичка ѕвезда?

Лизо е американска пејачка чие вистинско име е Мелиса Џеферсон. Родена е во Детроит каде што ги поминала првите 10 годни, а потоа кога имала 10 години се преселиле во Тексас каде што постојано се јавувала во радио станиците, рапувала и освoјувала разни награди.

Првиот албум го издала во 2013-та година, но првот “бум“ го направила во 2016-та година со албумот “Coconut oil” каде што сите песни ги посветила на позитивниот свет, односно за нашите тела.

Следеле фантастични критики, а Лизо оттогаш не престанала да го пропагира здравиот однос кон телата во сите бои, видови и големини.

Лизо од младоста се мачела со прифаќање на сопственото тело и денес се смета за гласноговорник за позитивен однос кон телото.

„Тогаш еден ден си реков: „По ѓаволите. Морам да бидам нескршлива. Не станува збор за тоа дека сум дебела. Јас сум јас и ќе ја добиете оваа к*чка и цело шоу и ќе ви се допадне“ – изјавила Лизо.

На доделувањето на АМА наградите, на општо неверување, Лизо не освоила ништо, но публиката освоила минијатурна чанта од брендот “Valentino”.

Лизо вели: „Го обожувам своето тело. Од кој агол и да ме снимате и фотографирате, прекрасна сум, секогаш и секаде“.

Кога ја прашале за нејзината сексуалност, дала јасен одговор.

„Целиот проблем и лежи во тоа што сè сакаме да биде црно и бело. ЛГБТ знамето е причина за повеќе бои. Постојат многу нијанси“ – рекла таа.