Младиот Англичанец го остварил сонот за кој сонуваат сите и така станал првиот добитник на национална лотарија за живот и ќе прима околу 10.800 евра секој месец во наредните 30 години.
Дин Вејмс (24) од Питербор ја освоил главната награда откако погодил пет главни бројки играјќи ја за првпат новата игра на Националната лотарија.
Тоа значи дека Вејмс ќе прими неверојатни 3.9 милиони евра додека наполни 54 години.
Вејмс признал дека парите прво ќе ги проши на патувањ во Париз и посета на Дизниленд.
„Оваа победа значи дека имам екстра пари за трошење. До крајот на животот не морам да се грижам. Сè уште сè ми изгледа нереално.
Вејмс кажал дека сонот му се исполнил па дури дал отказ и од работа.