Македонската актерка Јана Стојановска до неодамна ја криеше својата бременост, но во интервју пред камерата на емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ нејзиниот сакан откри дека не само што ќе прават свадба, туку и дека очекуваат бебе.
Убавата Јана и ќерка на актерката Силвија Стојановска, е активен корисник на социјалните мрежи, а во своите последни објави, постави фотографии од кои покажа дека ужива во бременоста.
Со почетокот на топлите денови, таа реши да се релаксира и опушти на плажа, да се разголи во бикни и да го сонча нараснатото трудничко стомаче.
Иако е во средината на бременоста, таа има витка линија како и секогаш, што очигледно блажената состојба и тоа како и годи.
Инаку, избраникот на Јана е кошаркарот Андрија Бојиќ, кој е Србин, а живее во Скопје. Тој на изнанадување на својата сакана изјави дека таа е во четвртиот месец од бременоста и посакуваат бебето да биде машко.
Доколку биде така, веќе одлучиле наследникот да се вика Михаил.
Извор: Вистина.мк