Го прашаа Ковачевски дали уште некој се вратил од странство за 18.000 плата – Еве што одговори

|

Премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден беше прашан освен шивачот во компанијата „Текстил Солушн“, Полико Авдиу, дали во оваа фирма има и некој друг од Германија или Швајцарија што се вратил за 18.000 плата.

– Да бидам искрен не знам, разговарав со директорката и дел од вработените  во некои од погоните, но не разговаравме за тоа кој од каде потекнува и кој каде бил во својата професионална кариера пред да биде вработен во оваа компанија, одговори Ковачевски.

Авдиу стана вистински хит пред неколку дена кога заедно со премиерот Ковачевски излезе пред јавноста и медиумите и истакна дека зголемената минимална плата била сосема доволна за живот па токму поради тоа се вратил од Германија во Македонија.