Во текот на едно интервју, Далај Лама бил прашан што најмногу го изненадува на овој свет и што е суштината на животот, а неговиот одговор ќе ве натера да размислите за патот на кој се наоѓате…
“Она што најмногу ме изненадува е човечката природа. Луѓето го жртвуваат своето здравје за да заработат пари. Потоа ги жртвуваат парите за да го обноват своето здравје, а потоа толку се грижат за иднината што не уживаат во сегашноста. Како резултат, тие не живеат во сегашноста или иднината, живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не ни живееле”.“Живееме многу чудно и нелогично. Одиме на работа која не ја сакаме за да заработиме пари, кои потоа ги трошиме на лекување. Кога го правите она што не можете да го издржите, тоа неизмерно го нарушува здравјето. Сите го разбираме тоа, но од некоја причина цврсто веруваме дека парите можат да поправат сè.
Застанете и размислете: парите не можат да купат ни среќа ни здравје. Тоа е единствената вистина за која треба да размислите. Суштината на животот е да се биде среќен.
Сепак сите наши мисли се преокупирани со материјалните работи. Понекогаш се чини дека сме на Земјата само за да работиме и да заработиме пари. На некој начин изгледаме како робови – само не го сфаќаме тоа”.