Папата Франциск при неговата прва, историска посета во нашата земја најпрво се упати во претседателската резиденција на Водно каде беше пречекан од целиот државен врв.
Папата Франциск на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, беше пречекан од Претседателот Ѓорге Иванов.
Во вилата присуствуваше целиот државен врв, а меѓу нив и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. Обраќањето на папата го слушаа и лидерите на политичките партии, а пред неговото обраќање пред присутните се обрати и претседателот во заминување Ѓорге Иванов. Но покрај нивните говори, медиумите ги забележаа и модните изданија на сопругите на тројцата значајни фигури во нашата држава кои го прекршија протоколот со тоа што носеа пократки зголништа.
Непочитување на дрес-кодот при спредба со папата Франциск денес покажаа сопругите на премиерот Зоран Заев, претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тие на средбите со папата се појавија во кратки здолништа, со голи нозе, што е недозволено според правилата на Ватикан.
Дрес-кодот на Ватикан, во продолжение: