Иако за некои од луѓето не е толку привлечен, сепак фикусот е повеќекратно корисно растение.
Собните растенија имаат повеќекратна корист – го разубавуваат просторот, даваат позитивна енергија, го освежуваат и го чистат воздухот.
Меѓутоа, едно растение особено се издвојува, иако за многумина не е омилено – фикусот.
Фикусот е препознатлив по своите големи зелени листови, тој е најпознат пример за зелено собно растение чија боја зависи од видот на фикусот.
Тој е одличен прочистувач на воздухот, а ги прочистува и опасните формалдехиди.
Ова корисно растение нема само волшебни медицински својства туку позитивно влијае и на енергијата на луѓето.
Во антиката луѓето забележале дека жителите во чии домови имало фикус, ретко се разболувале или пак имале болести со лесен облик. Ова растение придонесува и во прекрасното расположение, ја чисти енергијата во домот, а исто така го намалува стресот и анксиозноста.