Го провозел најстарото „Порше“ на светот: Изгледа како НЛО, а станува збор за еден од најважните автомобили во историјата

ИЗВОРСкопје24
|

Несекојдневно и интересно возило. Овој автомобил со помалку чуден изглед е еден од најзначајните автомобили во историјата на автомобилизмот.

Некои ќе кажат дека изгледа како НЛО, некои дека не личи на „Порше“, но сите ќе се согласат дека е посебен. А посебен го прави и фактот дека тоа е првото „Порше“ кое го означил стартот на денешната популарна компанија. И не само тоа, овој автомобил било лично возило на Фернандо и неговиот син Фери Порше, а спаѓа во редот на најзначајните автомобили на минатиот век. Тоа е кариката која ги спојува „VW битл“ и „Порше 356“.

Можноста лично да го испроба ја добил Крис Херис. Овој автомобил настанал така што Фердинанд Порше посакал да направи полесна и побрза верзија од „KdF“, првата верзија на „VW битл“. Моторот е ист, но сè останато е уникат. Автомобилот добил и каросерија од лесна алуминиумска легура. Стандардниот 1.0 мотор засилен е на 32 KS, доволен за ова „Порше“ да достигне брзина од 141 километри на час.

И тука не е крајот на изненадувањата, затоа што „Type 64“ е ставен на продажба. Ќе биде понуден на 15-ти август на аукција во Монтереј, а со оглед на неговата историска вредност можно е да достигне вредност од 10 милиони долари.