Српската пејачка Емина Јаховиќ прозборе за моментите како згаснал бракот помеѓу неа и турскиот пајч Мустафа Сандал, со кој беше во љубов 14 години, а во брак 10.
„Тоа не беше ни малку лесно искуство, а денот кога ставивме крај на бракот вечно ќе го паметам. Отидовме на суд и за 15 минути ставивме точка на нешто кое траело 14 години. Се разделивме цивилизирано. Од тогаш поминаа шест месеци, а Мустафа и јас се трудиме да имаме нормален однос, поради децата“, раскажа пејачката за српските медиуми.
Емина и Мустафа спогодбено се договориле и за старателството над синовите, деветгодишниот Јаман и шестгодишниот Јавуз. Децата останаа со мајката. Сѐ додека биде сама, Емина добива месечна надокнада 3,000 евра, а ако повторно се омажи. ќе загуби право на неа.
Емина Јаховиќ неодамна ја започна врската со турскиот милијардер Садетин Саран. Српските медиуми пишуваат дека убавата пејачка веќе го запознала семејството на Саран и тие одлично ја прифатиле. На прашањето, што најмногу ѝ се допаѓа кај новиот дечко, таа одговори: „Не знам што да ви кажам. Сѐ ми се допаѓа, сѐ“.
Садетин Саран е милијардер со шест компании и поранешен пливач.