Го врзувале со синџири- Потресно сведоштво на мајка за тортура на нејзиниот син со аутизам во психијатриската болница во Демир Хисар

|

Со рани на рацете и гребаници и модрици по телото од синџирите со кое било врзувано, се врати дома 17 годишниот Анес, момче со аутизам, од Психијатриската болница во Демир Хисара. Ова е потресното сведоштво на неговата мајка Салка Абдуловска, од Дебар, која со семејството живее во Битола под кирија за да ги школува двете деца.

Момчето кое во последно време покажувало поголема агресија од вообичаено, родителите одлучија да го однесат во болница, со цел да добие соодветна терапија пред да продолжи неговото школување во средно училиште во Скопје, откако заврши деветолетка во Битола. По пет недели минати во Демир Хисра, од болницата Анес го враќаат дома.

КОГА ДОЈДЕ ДОМА САКАВА ДА ГО ИСКАПАМ, КОГА ВИДОВ ЦЕЛИОТ БЕШЕ ВО РАНИ, ГО ДРЖАЛЕ ВРЗАН СО СИНЏИРИ, КАКО СЕ ОСМЕЛИЛЕ ДА ГИ НАПРАВАТ ТОА НА ДЕТЕ. САМИТЕ ДОКТОРИ НИ КАЖАА ДЕКА ГО ВРЗУВААТ ПОРАДИ НЕГОВА СИГУРНОСТ, ДА НЕ ГО УДРИ НЕКОЈ, ПА ДА ТОЈ ДА МУ ВОЗВРАТИ, МИ РЕКОА НИЕ НЕМАМЕ ДРУГИ МЕТОДИ, ИЗЈАВИ САЛКА АБДУЛОВСКА.

Абдуловска вели дека е шокирана од третманот на едно дете во здравствена установа. Семејството, кое е социјално загрозено, целиот живот го посвети да создаде подобри услови за момчето. Од Дебар се преселија во Битола за Анес да се школува, мајката работи за да го прехрани семејството, а таткото со поголем авторитет кај аутистичното дете ја напушти работат за да се грижи за него. Имало голем напредок кај Анес се до пред извесно време кога станал агресивен. Родителите велат дека државата е таа која треба да обезбеди соодевтни услови за овие деца.

НИЕ ПОБАРАВМЕ ПОМОШ ДА СЕ ЛЕЧИ, ДА ГО СМИРАТ. НО, НА ОВОЈ НАЧИН НЕ Е ПРАВИЛНО. НЕ ЗНАМ КАДЕ ДА СЕ ПОЖАЛИМЕ, ДРЖАВАТА ТРЕБА ТОА ДА ГО РЕШИ, НИЕ БАРАМЕ УСТАНОВА, ДА ИМА КАДЕ ДА СЕ СМЕСТАТ ДЕЦАТА, ВЕЛИ АБДУЛОВСКА.

И Народниот правобранител во својот извештај неодмана потврди дека во Психијатрската болница во Демир Хисар има опрема за врзување на пациентите, односно затекнати биле метални синџири со катанци, ремени и кабли и ја потенцираше забраната за тортура на пациентите. Од психијатриската болница Демир Хисар одговорија дека лекувањето е согласно медицина базирана на докази и дека во одредени ситуации неопходно е физичко ограничување.

И за министерот Меџити нема ништо спорно во овие методи и вели дека се дел од протоколите за да им се даде терапија на пациентите.

ЗБОРУВАВ СО ДИРЕКТОРКАТА. ДЕТЕТО Е ЛЕКУВАНО СПОРЕД СИТЕ ПРОТОКОЛИ. ТАКВИ ДЕЦА МОЖАТ ДА БИДАТ АГРЕСИВНИ, ЗАТОА СПОРЕД ПРОТОКОЛИТЕ НА ЕКСПЕРТИТЕ ОД ПСИХИЈАТРИЈА ВО ТАКОВ СЛУЧАЈ МОЖЕ ДА СЕ ВРЗУВА ЗА ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, ЗА ДОБИВАЊЕ ТЕРАПИЈА, ВЕЛИМЕЏИТИ.

Отккао Салка Абдуловска ја раскажа приказната за нејзниот 17 годишен син, дете со аутизам, на социјаните мрежи следат бурни рекации од јавноста и родителите кои ја делат судбината со ова семејство. Згрозени и потресени се од методите во Психијатриската болница во Демир Хисар, кои велат датираат од пред средниот век. Немаат друг начин освен својот револт да го изразат на протести, а некои велат дека дојде време овие родители да ја тужат државата.