Го започнуваат заедничкиот живот спектакуларно: Бен Афлек и Џеј Ло искешираа 50 милиони долари за вила(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Ова е најголемиот чекор откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија својата романса: пазарење и вселување во заеднички дом!

Најпопуларната холивудска двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез, кои обожавателите ги нарекуваа и Бенифер, направија општ хаос на почетокот на мај 2021 година кога јавно објавија дека се помируваат по дваесет години разделба.

Помирувањето на славната двојка воодушеви милиони нивни фанови ширум светот, а секој нивен чекор од новата романса привлече големо внимание кај медиумите, папараците и публиката.

Сепак, сега е време за посебен чекор – веројатно најголемиот откако ја започнале врската!

Според странските медиуми, Бен Афлек и Џенифер Лопез купиле спектакуларна зграда на Бел Ер, а за новата вила искеширале неверојатни 50 милиони долари!

Парот се одлучил за имот од 1800 метри квадратни, кој има вила со 10 спални соби, 17 бањи, но и домашно кино, теретана, неколку кујни, базен, сервисен простор …

Пристапот кон самата куќа е импресивен, изграден е во кружен модел и изгледа исто како во сите вили од холивудските филмови, кои припаѓаат на богати американски семејства.

Самиот ентериер се уште не е обоен, но се наведува дека е класичен и луксузен, со многу златни, но и беж нијанси. Се наведува и дека во оваа вила нашле се што барале за мирен семеен живот, а тука планираат повторно да ги спојат животите на своите семејства.

Да потсетиме, Џеј Ло ги има близнаците Макс и Ема (за кои се почесто се зборува), од бракот со Марк Ентони, а Бен има три деца од бракот со Џенифер Гарнер.