Годишна плата од 57 000 евра за 4 работни дена неделно – никој не им се пријавува

ИЗВОРСкопје24
|

Можеби звучи чудно и за наши услови нереално, но Службата за контрола на летови во Нов Зеланд мака мачи да најде кадар кој ќе ги пополни работните места кај нив за кои тврдат дека не бараат никакви посебни услови и квалификации од кандидатите.

Нудат почетна плата од 95.000 новозеландски долари или околу 57.000 евра годишно за само четири работни дена неделно за работно место контролор на летови. Единствен услов е кандидатите да имаат најмалку 20 години и завршено средно образование.

„Моментално вработуваме и сакаме да ни се јават кандидати кои ќе бидат подготвени да работат кај нас. Мислам дека многу различни луѓе би можеле да работат, но немаме многу пријави“, вели главниот менаџер Тим Бојл.

По основните тестови и проверки за способност, следи платена обука и тренинг за контролор на лет во траење од 12 месеци.

Доколку сте за поголем избор на понуди каде што ќе можете да работите во странство со екстра услови токму за многумина Норвешка е една од најубавите и најпосакуваните држави за живот. Норвешка пред неколку дена откри дека и се потребни 90.000 работници.

Освен тоа, работодавците навеле дека бараат исклучително работници од Босна и Херцеговина, но на многумина не им е јасно зошто токму тоа го навеле и зошто луѓето од другите места не можат да се пријават за работа.

Причината зошто токму Босанците, одговорот бил бидејќи тие личности биле многу посветени во работата.

Жителите на Босна и Херцеговина се свесни колку им е тешко да најдат работа, а за тоа да бидат добро платени, па поради таа причина треба да бидат многу посветени во својата работа и да покажат што знаат најдобро.

Најмалата плата која можат да ја добијат за својата работа е 7000 евра,но секако платата може да биде и повисока како и многубројните бенифиции.

Под бенифиции навеле: нов стан или нов автомобил, доколку имате куќа тогаш може да ви ја реконструираат, а сето тоа да биде по ваш вкус.

Доколку ве одберат за работа, ќе отидете со авион со тоа што на аеродромот ве дочекува премиерот на Норвешка и ви посакува добредојде, ваквиот гест е бидејќи им е драго што вие сте одлучиле од толку земји да работите токму со нив.

Многумина би посакале да живеат во оваа земја бидејќи кај нив е висок стандардот за живот. Во текот на неделата се работат 22 часа, а секоја година на вас ви се обезбеднени 55 дена одмор.

Потребни им се:аналитичари, теритичари, мајстори за скара, дегустатори, како и коментатори кои би работеле на социјалните мрежи. Ова е едеална работа за многумина кои сакаат да бидат добро платени за својата работа, но и да го покажат својот талент.