Огромен пожар му се заканува и на Сиднеј, а властите на сојузната држава Нов Јужен Велс прогласија официјална закана по градот.
Приградските населби Илавара и Шоалхавен се најзагрозени бидејќи големиот пожар е пред портите на Сиднеј, а противпожарните екипи се немоќни да го сопрат.
Началникот на локалната противпожарна бригада го советуваше населението во тие области да се евакуира.
Досега пожарите во Австралија уништија 2.500 домови и земаа 12 жртви.