Голем број на санкции за неносење маска и санкционирани возачи во Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (15/16.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 624 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 438 мерки, меѓу кои 43 за возење без возачка дозвола, 9 мерки за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, 27 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 14 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 за управување под дејство на алкохол, 40 санкционирани пешаци, 82 мерки за непрописно паркирани возила, 53 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се и 31 санкција за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.