Голем пожар во беровско се шири накај куќите – Локалното население во борба со огнената стихија

ИЗВОРСкопје24
|

Пожарот во м.в Цареви колиби с.Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума сеуште е активен. Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички. Поради временските услови екипите биле повлечени од терен а останале само дежурна екипа за следење на пожарот“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гаснат голем пожар кај месностите Готен и Цареви Колиби, пренесува ТВ Стар.

Очевидци за телевизијата тврдат дека глетката е катастрофална по природата, бидејќи горат столетни дрвја, а животните панично бегаат.

Дали и кога пожарот ќе биде ставен под контрола и изгаснат во овој момент нема информации.

Се очекува помош од сите.

На 30.03.2019 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар над манастирот „Св.Богородица“ во село Матка, при што биле опожарени околу 15 хектари нискостеблеста шума. Во 15.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Вчера истот така во 18.15 часот во Полициското одделение Осломеј било пријавено дека на место викано „Долг Камен“ во атар на село Калешовци настанал пожар, при што била опожарена сува трева, стрништа, смреки, високо и нискостеблеста дабова шума и овошни насади на површина од околу 1000 метри квадратни. Во 19.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево.

Владата го осуди палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и воедно упати апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари. Од Владата потенцираат дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.

Граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Граѓани можат да пријават и лица кои потпалуваат стрништа и оган на отворено во најблиските полициски станици или на телефонскиот број 192.

Од страна на Министерството за внатрешни работи, годинава за предизвикани пожари биле поднесени кривични пријави против 8 сторители.