Битката со шумскиот пожар на грчкиот остров Самос траеше цела ноќ, и утрово гаснењето продолжи и од воздух, а според локалните медиуми ситуацијата денеска е значително подобрена, јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 78 пожарникари со шест пешадиски тима, 15 возила и два хеликоптери, а меѓу пожарникарите се и 28 од Атина, кои синоќа авионски пристигнаа на островот.
Според локалните медиуми синоќа биле превентивно евакуирани две села.Во пожарот помагаше и хеликоптерот што вчера се урна во морскиот дел југозападно од островот.