ГОЛЕМ ВИКЕНД ХОРОСКОП (22-23.12.2018)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен

Ќе се занимавате само со работи од кои имате некаква корист. Иако околината мисли дека не сте себични, вие понекогаш знаете да бидете такви. Обидете да се ослободите од оваа особина. Со близнаците се можни судири на мислења.

Бик

Настојувате да ја прикриете амбиција, бидејќи можете да претерате. Не брзајте никаде туку застанете и погледајте околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство. Најдете време за личноста што ве привлекува.

Близнаци

Морате да бидете објективни кон себе ако сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да ѝ докажете на околината нешто што не постои, ќе запаѓате од грешка во грешка, што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи. Прошетките во природа ќе ве спасат.

Рак

Викендов ќе посакате да бидете сами само со вашиот партнер и целосно да им се препуштете на чувствата. Ако сте во можност денес вратете ги долговите зашто подоцна можеби ќе имате проблеми. Ќе слушнете среќна вест.

Лав

Одлично ќе се чуствувате бидејќи топлината многу ви годи. Обидете се да не влегувате во судири со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е баш јака страна, но бидејќи знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста. Во љубовта состојбата е мирна и задоволителна.

Девица

Не постои опасност некој да ви го загрози овој мирен викенд. Искористете го викендот за средување на некои работи. Вашите деловни планови кои ви се разработени до најситни детали ќе се покажат поскапи отколку што планиравте. Во емотивната врска ве очекува мало разочарување од односот на вашиот партнер.

Вага

Викендов ќе сакате да шетате, но пријателите и партнерот нема да бидат раположени за авантури. Ви се препорачува максимално да соработувате со другите, па дури и да им дадете поголема шанса. Внимавајте на непромислените одлуки, не избрзувајте.

Скорпија

Завртени сте кон јавниот, социјалниот живот. Ве очекува едно прекрасно патување, а што е уште поубаво, ќе одите со пријатно друштво. Ве очекуваат значителни промени во вашиот дом, но и во кариерата. Послушајте го советот од вашиот родител.

Стрелец

Не ви се препорачуваат импулсивни одлуки како што е заминувањето во друга средина поради некој ситен проблем. Можни се промени и на емотивен план. Повозрасните можат да очекуваат промени во односите со децата, всушност и во односите со сите околу нив. Нервозата и напнатоста можно е да ве доведат до депресија.

Јарец

Во прв план ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. Денот е одличен за шетање. Било каква интелектуална работа нема да ви предизвикува проблеми.

Водолија

Бидејќи ќе сакате да слушате музика и да водите празни разговори може да се случи од сите понудени прилики да ја изберите онаа најлошата – одложување. Кај вас љубовта ќе се случува сосема спонтано и ќе умеете да уживате во неа. Вашиот партнер ќе даде се од себе за да се чуствувате фантастично.

Риби

Ќе бидете во дилема која ќе ви ја наметне партнерот или пак некој од најдобрите пријатели. Ситуацијата на работа ви цвета и пред вас е прекрасна иднина, но поради тоа вашите блиски ќе се почуствуваат запоставени. За жал тој проблем не ќе можете да го решите без компромис.