Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи. По градови:
– Скопје 15, Куманово 18, Прилеп 14, Тетово 2, Струга 10, Велес 6, Битола 1, Гостивар 1, Кочани 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања.
На инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.