Голема почит спрема поранешната свекрва: Алачки изненади со емотивна објава на социјалните мрежи

|

Адријана Алачки сподели емотивна посвета која изненади многумина.

Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ со потресни зборови се прости од мајката на нејзиниот поранешен партнер Горан Алачки која хо напушти овој свет пред два дена.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за см рта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше бор ец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше „терај си ја работата, јас сум тука“. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Се’ уште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки.. Никој не знаеше подобро од тебе.. Ти благодарам за се’! Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“, напиша Алачки на „Фејсбук“ споделувајќи и две фотографии со неа.

А, токму на социјалните мрежи, докажаниот македонски музичар Горан Алачки често споделуваше фотографии со мајка си. Последната слика ја објави во април годинава под која напиша „Секоја брчка, една приказна“.