Големата промена на Рада Манојловиќ: Насмевката од илјадници евра највпечатлива

|

Од селско девојче какво што беше кога се појави во „Ѕвездита на Гранд“ во 2003 година, до ден денешен, Рада Манојловиќ многу се промени. пејачката доживеа низа физички трансформации, кои беа се поочигледни и поизразени како што и растеше популарноста и славата. Иако нејзиниот начин на облекување сè уште е на мета на модните критичари, кога станува збор за разубавувањето, пејачката се правеше со мерка. Поточно, таа за прв пат ја поправи насмевката кога ги замени своите природни заби со неправилен распоред со низа бели бисери. Вештачки, но блескави и убави за око и фотообјектививите и ТВ камерите. По ова, насмевката од илјадници евра, од хен*икеп, Рада ќе ја претвори во главен адут!

Ова значително ќе и го смени изгледот на лицето, па дури и денес, многумина прашуваат дали пејачката ќе направи операција на носот и градите? На шега, нејзиниот одговорот е со заменет со прапање: „Дали до толку и се за менување“?

Таа ја осветли бојата на косата за неколку нијанси и денес Рада изгледа како задоволна, насмеана, безгрижна девојка, што дава дополнителен шарм на нејзината непосредност, разигран дух и веселиот карактер… како вистинска фолк принцеза.