Времето денеска во Скопје ќе биде облачно и магливо, а преку денот краткотрајно маглата ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 2 степени, информираат синоптичарите.
По котлините претпладне ќе има појава на магла и ќе се задржи постудено време. Во текот на денот времето ќе биде сончево особено на повисоките места и со мала до умерена облачност поголема во западните делови. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.
За време на викендов времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, посочуваат од УХМР.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата, а овој ветер ќе дува и во среда.
АМСМ информираат: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Слаба магла (видливост над 100м) има по Повардаието и во источниот дел од Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.
РАБОТИ НА ПАТ:
Од “Вијадукт Трејд” известија дека на ден 19.12.2018 г. започнаа градежни активности на Автопат А4, делница Миладиновци – Хиподром (во близина на Наплатна Станица Миладиновци), за што ќе се изврши промена на режим на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија, во времетраење од три дена.
Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.
Од 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с.Смоквица до с.Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица-Гевгелија во двата правци.
Времен режим на наплатните станици:
Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:
-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.
Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.
Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.
Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.
На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.