Овен (21.03 – 20.04)
Односите со колегите се напнати. Имате зацртано јасна цел, но пречките на кои наидувате по малку ве обесхрабруваат. Партнерските односи се напнати и воопшто не се трудите да ги поправите. Мислите ви одат на друга страна, што може да го загрози партнерскиот однос. Доколку сте осамени, денес интензивно ќе размислувате за некој од минатото.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе почувствувате нервоза која ќе влијае и на пријателите, и тие ќе почнат да се повлекуваат. Не се навикнати да ве гледаат во такво светло и ќе решат да ве остават на мира за да се соземете. За среќа, таквите состојби кај вас траат кратко и брзо ќе се вратите во нормала. Недостигот на финансии може да ви ги наруши односите со партнерот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Чувствувате голем револт во однос на претпоставениот, но вашата природа не ви дозволува да реагирате на соодветен начин. Парите кои ги очекувате сe уште не доаѓаат, но сепак, се појавуваат некои шанси кои се знак дека на крај сe ќе заврши добро. Партнерот сè повеќе се дистанцира од вас, и тоа ве тера да размислувате како понатаму.
Рак (22.06 – 22.07)
Не поднесувате авторитети, и на секој начин се обидувате да го намалите нивното влијание врз вас. Бидете внимателни и не решавајте го проблемот со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.
Лав (23.07 – 22.08)
Како да имате потреба за нешто повеќе од тоа што ви се нуди. Се обидувате да дофатите некој замислен идеал и се чувствувате емотивно празни. Партнерските односи ви се напнати и ако барате вина за тоа, барајте ја кај себе. Имате потреба да доминирате и да се наметнете, и сосема ја губите способноста за дипломатија.
Девица (23.08 – 22.09)
Партнерот е многу тврдоглав и тешко можете да се согласите околу моменталните приоритети на семејството. Ако сте во брак бидете внимателни и не покажувајте симпатии кон една помлада личност. Тоа може уште повеќе да ги заостри односите со партнерот. Доколку сте осамени, оптоварени сте со една шанса за која сметате дека е пропуштена.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе чувствувате замор од секојдневните обврски. Имате потреба да се осамите и да избегате од сите што ве опкружуваат. Сакате да бидете оставени на мира и да ги оставите пријателите да побараат забава на некое друго место. Партнерот, исто така, ве оптоварува со некои неразумни барања и со обидите да ве контролира.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Давате максимум од себе и очекувате подобри времиња, но сепак, ве мачи неизвесност. Комуникацијата со колегите ви е многу воздржана и се плашите да не кажете нешто што ќе ви нанесе штета. Партнерот бара ваша поддршка и вие не се штедите кога е тој во прашање.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Обврските кои си ги имавте наметнато, ви ја одземаа енергијата, и време е да се одморите. Партнерот ќе се обиде да ви даде совети како да ја надминете кризата, но вие имате сопствени начини на враќање на енергијата и ќе се правите глуви. Ако сте осамени, можно е преку пријатели да ви дојде глас за една личност која е заинтересирана за вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Најголем проблем во моментов ви се финансиите, и поради тоа не можете да се опуштите. Партнерот ви е голема поддршка, но имате потреба да направите нешто свое и да не зависите од никого. Ако сте слободни, преку пријатели ќе имате можност да сретнете две личности. Но вие сте обземени со себе и ништо не забележувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Емотивно сте нестабилни и чувствувате страв од самотија. Партнерот воопшто не се труди да ги поправи работите, и неговата пасивност ве доведува до лудило. Понекогаш се прашувате дали вреди сето тоа што го правите и дали треба да продолжите со шансите кои му ги давате. Ако сте осамени, време е да се запрашате дали вреди да се трудите околу личноста што ви се допаѓа.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате чувство дека сте заробени и не можете да излезете од тој волшебен круг во кој се наоѓате. Единствена можност да избегате ви е дружењето со одредени пријатели покрај кои го наоѓате својот мир. Партнерот денес ќе ви приговара околу парите и ќе инсистира да ставите крај на прекумерното трошење. Доколку сте осамени, полека почнувате да се откажувате од потрагата по идеален партнер.