Голема временска прогноза за цел месец— не чекаат многу пресврти

ИЗВОРСкопје24
|

Времето во Февруари целосно се менува од ден за ден. Сонце, дожд, снег, ветер, ќе имаме од се по малку. Ова е голема временска прогноза за до крај на месецот:

Пред нас се брзи и големи промени на временската состојба, поточно најпрвин ни следува студен воздух од север, повторно голем пораст на температурите очекуваме особено за време на викендот, секако сето ова многу лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните па така кај повеќето граѓани, особено кај метеопатите можна е главоболка како и болка во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза и несоница како и тежина во главата и телото, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Инаку денеска од југ во нашата држава ќе навлезе влажен бран кој ќе услови повремени врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките и планинските места, ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот.

Снежната граница има услови на некои места, особено на запад и на север да се спушти и под 1000 м.н.в.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па локално се очекува да наврнат околу 10 до 15 л/м2 воден талог.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат за 5 до 7 степени пониски од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Веќе од утре следува период на стабилно и суво време па така наутро понекаде температурите ќе се спуштат под нулата, максималните дневни пак повторно ќе бидат во позначително покачување и за време на викендот ќе бидат повторно над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

По одделни котлини повторно ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност.