Овен (21.03 – 20.04)
Не се грижете премногу за нешто што е во фаза на средување, особено не ако станува збор за некој Лав или Вага. Некој ќе ви понуди помош, која за вас ќе биде добредојдена. Добро се сложувате со Јарецот кој ви поттикнува големи амбиции и ви помага финансиски.
Бик (21.04 – 21.05)
Некоја блиска личност ќе ви се налути бидејќи во последниот период буквално не сте се ни сетиле на неа. Одделете време за неа, таа го заслужува вашето внимание. Не ги потценувајте лицата кои не се согласуваат со вашите ставови.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Посакувате да ги решите сите ваши проблеми преку ноќ. Меѓутоа, тоа не е возможно. Венера, Сонце и Фортуна се во голема пораст. Судената љубов чека на вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Можна е повреда на работното место, па поради тоа бидете внимателни. Се сомневате во саканата личност, но без причина. Партнерот ќе стори се што може за да ве задоволи.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе имате интензивен ден со многу настани, но вашиот ритам ќе биде доста смирен. Скоро сите планети излегуваат од вашиот знак, а останува само Сонцето, па затоа ќе треба повеќе внимание да обрнете на една работа или еден проблем. Не донесувајте одлуки брзо и со импровизација.
Девица (23.08 – 22.09)
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. Малата плата ве демотивира максимално, и се повеќе се трудите што помалку да работите.
Вага (23.09 – 22.10)
Не се нервирајте поради малите недоразбирања. Ќе успеете да ги средите, само ако останете мирни и реагирате мудро. Не се обидувајте да ја завршите целата работа за еден ден. Најважно е дека работите и не го губите времето на празни приказни.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можни се бројни конфликти на работа. Обидете се да делувате пријателски и дадете се од себе да се смири тензијата. Отворено не ги покажувате вашите емоции. Мистични сте, а на партнерот на некој начин тоа не му се допаѓа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Без причина се плашите поради финансиите. Во текот на оваа недела ќе имате поголема заработка, отколку вообичаено. Ладни сте и нестраствени. Не ги покажувате вашите емоции, а тоа му пречи на партнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
На бизнис планот се е во најдобар ред. Очекувајте преговори во врска со голема заработка. Поради премногу обврски на работа нема да можете да се посветите на вашиот љубовен живот. Тоа ќе Ви создаде бројни проблеми со партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во некоја чудна ситуација ќе западнете уште од рано сабајле. Потрудете се да останете мирни и да реагирате брзо. Не дозволувајте да ве убедуваат да купувате нешто за кое немате потреба. Семејството ќе ви помогне да надминете некои проблеми.
Риби (20.02 – 20.03)
Излезете од тесните рамки на традицијата и очекувањата на средината. Бидете похрабри и допуштете си на себе си повеќе од тоа, во спротивно би можеле да се преоптеретите со грижи. Превземете малку ризик, одете на пат, учете, направете накоја промена и сл.