Голема финансиска добивка за раковите, неповолна ситуација во љубовта за биковите – Дневен Хороскоп (04.02.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Имате чувство дека сте подобри од другите и дека ви претстои голем успех. Самодовербаа ќе ви помогне на многу начини. Во љубовта сте во заблуда, а поради тоа погрешно го толкувате однесувањето на партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Сакате да имате подобра деловна позиција, но не знаете на кој начин да го постигнете тоа. Побарајте совет. Во љубовта ситуацијата е неповолна, партнерот се сомнева во вас.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Оптеретени сте со деловните планови и обврски. Запрете и одморете малку. Во љубовта иако не сакате, се почесто се одалечувате од партнерот, преземете нешто.

Рак (22.06 – 22.07)

Снаодливи сте, а тоа ќе ви донесе одлични резултати. Ќе остварите голема финансиска добивка. Во љубовта партнерот не исполнил нешто што ви ветил. Иако сте лути, избегнете реакции.

Лав (23.07 – 22.08)

Деловните правила брзо се менуваат. Обидете се да се прилагодите и да продолжите напред. Во љубовта за да ги остварите своите намери морате да се откажете од некои нешта.

Девица (23.08 – 22.09)

Можна е кавга од личност која хиерархиски е над вас. Контролирајте ги емоциите. Во љубовта сте го загубиле почениот занес. Нешто ќе ви биде тешко, но нема да откриете што.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес морате да бидете внимателни и мудри. Во спротивно, можете да направите сериозна грешка. Време е со партнерот да ги прекинете сите кавги. Седнете и разговарајте отворено.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нема потреба премногу да се експонирате во деловниот свет. Тоа нема да ги зголеми вашите заслуги. Имате чувство дека страста некако ја снемува, обидете се да ја обновите љубовната врска.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Поведете сметка за тоа како се однесувате на работа. Соработниците ве толкуваат на погрешен начин. Во љубовта можно е да поминувате низ тежок период.

Јарец (22.12 – 20.01)

Се преценувате себе и своите можности, доколку бидете пореални полесно ќе го поднесете притисокот. Во љубовта ова е идеално време за смислување на љубовни стратегии.

Водолија (21.01 – 19.02)

Премногу сте горди и не сакате да зборувате за проблемите кои ве измачуваат. Во љубовта имате чувство дека на партнерот не му е грижа за вас. Зборувајте отворено за тоа.

Риби (20.02 – 20.03)

Денес може да очекувате повеќе обврски, но без брзање, бидејќи така ќе погрешите. Ви се допаѓа некоја личност, но никако да и пријдете.