Големи технички проблеми при регистрација на новиот систем за е-даноци на УЈП

ИЗВОРКомора на сметководители на Македонија
|

Голем број на компании и граѓани во моментов се соочуваат со технички проблеми од системот за е-даноци, односно сметководителите имаат пречки да воспостават врска со системот на е-даноци. Со оглед на тоа што рокот за поднесување на ДДВ пријавите истекува набрзо, а брзината во решавањето на техничките проблеми е неопходна, Комората на сметководители на Македонија испрати писмена реакција до Управата за јавни приходи на Република Македонија.