(ВИДЕО)Големо невреме во Бугарија – со хеликоптер се спасуваат луѓето

ИЗВОРНов Лист
|

Најмалку 20 луѓе се спасени со хеликоптер од поплавите кои ја погодија Бугарија.

Обилните врнежи од дожд кои ги зафатија населените места предизвикаа поплави кои предизвикаа сериозни материјални штети. Има уништени мостови и оштетена патна инфраструктура, што го отежнува пружањето помош за оние кои се во неволја.

„ Засега немаме сериозни вести за пов редени лица. Ова го изјави главниот комесар Николај Николов, директор на Главната дирекција „Противпожарна безбедност и заштита на населението“.

Тој го опиша како чудо фактот што нема жрт ви: „Навистина е чудо. Таков потоп излеан од небото не се случува секој пат.

Главниот комесар Николов истакна дека на две места насипите на реката Стријама се оштетени, но нема опасн ост.

Началникот на одбраната адмирал Емил Евтимов, кој исто така се наоѓа на местото на трагедијата, изјави дека од другата страна на реката има 100 војници со опрема.

„Среќата на селото Богдан е што припадниците на 61-та бригада биле веднаш на местото на настанот и му пружиле помош на населението, така што во моментот нема повред ени лица во неволја“, изјави адмирал Евтимов.Видеото можте да го погледнете со клик ТУКА.