Google Play отстрани над 10 апликции бидејќи тајно собирале податоци

|

Google отстрани над 10 апликации од својата Play продавница откако дознале дека содржат злонамерни кодови кои собираат податоци за локациите на луѓето, нивните телефонски броеви и имејлови. На листата со отстранети апликации има и скенер за QR код, апликација за временска прогноза и муслимански молитвени апликации. Некои од апликациите се преземени над 10 милиони пати.

„Сите апликации на Google Play мора да бидат во склад со нашите правила, без оглед на програмерите. Кога ќе утврдиме дека некоја апликација ги крши нашите правила, ги преземаме соодветните мерки“ изјави портпарол на Google за BBC.

Google претходно ги предупреди програмерите на апликации дека мора јасно да им посочат на корисниците кои информации ги споделуваат. Според истраѓувачите кои го откриле проблемот, апликациите содржеле комплет за развој на софтвер (SDK) кој испраќал приватни информации на трети страни.

Меѓу нив имало и QR и скенер на баркодови кој е преземен над 5 милиони пати, а тоа е вид на апликација која би ја презеле еднаш или двапати и потоа би ја заборавиле.

Кои се зафатени апликации:Speed Camera Radar, Al-Moazin Lite (Prayer Times), Wi-Fi Mouse (remote control PC), QR & Barcode Scanner (developed by AppSource Hub), Qibla Compass – Ramadan 2022, Simple weather & clock widget (developed by Difer), Handcent Next SMS-Text with MMS, Smart Kit 360, Al Quran MP3 – 50 Reciters & Translation Audio, Full Quran MP3 – 50+ Languages & Translation Audio.

Апликацијата тајно испраќала чувствителни податоци на корисниците, вклучувајќи и единствен IMEI индетификацизки број на нивните телефони, до компанија со седиште во Панама наречена Measurement Systems, а биле испраќани и до компании во Вирџинија, САД.

Апликациите кои се забранети поради недозволено собирање информации може да се пријават за враќање во Google Play продавницата ако се отстрани спорниот код, додаде портпаролот на Google. Најголем дел од штетните апликации сега повторно се достапни за преземање ако повеќе не вклучуваат SDK.

(Klix.ba)