„Google“ најави голема промена. Ако имате неколку различни лозинки за неколку различни платформи, од кои сите тешко се паметат, ова повеќе нема да биде проблем.
„Google“ и неговите апликации меѓу кои и „YouTube“ сакаат целосно да ги отфрлат лозинките, се вели во блог пост на „Google“.
„Неодамна воведовме поддршка за „Access Keys“, полесен и побезбеден начин за најавување на вашите профили преку Интернет. Добивме навистина позитивни повратни информации од нашите корисници, па денес ги правиме уште подостапни“, напишаа тие.
Посигурно најавување
Следејќи го примерот на другите апликации, луѓето ќе можат да пристапат до нив преку отпечатоци од прсти и „ID“ на лице како начини за најавување на нивните профили. Ова не само што го прави најавувањето многу побрзо, туку е и побезбедно бидејќи, според „Google“, сега не може да се случи кражба на идентитет.
Но, овој новитет сè уште не е целосно збогување со лозинките, па така луѓето сè уште ќе имаат опција да ги користат истите. „Знаеме дека на новите технологии им е потребно време за да се разработат, па лозинките можеби ќе постојат некое време“, се објаснува понатаму на блогот.