Горан Милевски ќе ја депонира оставката до Владата

ИЗВОРТелма
|

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата.

Тој во изјава за медиумите кажал дека се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата треба од неговата партија да предложат нов кандидат за министер.Според него новиот минстер нема да биде од редновите на пратеници.

Дел од медиумите објавија дека Милевски ќе се повлече и од лидерската функција во ЛДП, а како еден од кандидатите кои би го замениле е актуелната потпретседателка Моника Зајкова која изјави дека доколку ја добие потребната поддршка од партиските тела, ќе и биде чест да ја извршува функцијата претседател на ЛДП.