Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски на публиката е познат по неговото учество во регионалното музичко „Х фактор“ каде што ја однесе победата. Потоа учествуваше и „Твоето лице звучи познато“ каде што одлично се снајде во улога на имитатор.
По успехот на „Х фактор“, Даниел стави „пауза“ на својата музичка кариера и повеќе беше посветен на својот емотивен и приватен живот. Имено, тој се оствари во улогата на татко и започна заеднички живот со својата сопруга Кристина.
Даниел и Кристина максимално уживаа во својата љубов и во улогата на родители, а Кајмакоски секој момент го посвети на синчето Давид.
Но, како што велат се што е убаво кратко трае, така и на брачната идила на Кајмакоски му дојде крај.
Имено, Даниел и Кристина пред неколку месеци истакнаа дека се разведуваат, а дека тоа било најдобро решение. По веста за разводот, пејачот се врати на музичката сцена и повторно е акутелен со настапи во регионот.
Ниту обврските, ни ниту музичките активности не го спречуваат да ужива во татковата љубов. Иако ја крие приватноста и на социјалните мрежи ретко објавува фотографии, овој пат Кајмакоски направи исклучок.
Тој на својот Фејсбук објави фотографија од Давид, а во описот напиша: „Моето момче“. Во февруари оваа година синот на Даниел наполни две години.
Вистина.мк